Primary tabs

[(o^o)] Ballettikka Internettikka: Љубов без милост / Јавна презентација / 11 декември 2010, 20h / Културен центар ЦК, Скопје

Podaci: 

Сабота, 11 декември 2010, 20 часот

Културен центар ЦК, Скопје

Контрапункт (Скопје) и Теорија која хода (Белград), рамки на проектот Расшколувано знаење
претставуваат

 

Ballettikka Internettikka: Љубов без милост

Јавна презентација и разговор со уметникот Игор Штромајер

 

 

Презентација на проектот:

Ballettikka Internettikka – internet ballet (2001-2011)

www.intima.org/bi

на Игор Штромајер и Бране Зорман

 

 

Ќе се бориме со нив на плажите. Ќе се бориме со нив на земја. Ќе се бориме со нив во полињата и на улиците, ќе се бориме на ридовите. Никогаш нема да се предадеме
Винстон Черчил

 

Ballettikka Internettikka претставува низа тактички уметнички проекти кои почнаа во 2001 година преку истражување на интернет балетот. Проектот ги истражува безжичните интернет балетски изведби комбинирани со герила тактики и подвижни интернет стратегии на емитирање.

 

 

Ballettikka Internettikka користи невозможни врски за да развие можни стратегии на отпор и непочитување. Проектот учествува во веќе постојните протоколи на комуникација, но без да биде сервилен кон овие протоколи. Тој отвора врски меѓу емотивноста и технологијата, продукцијата и етиката, желбата и организацијата, имагинацијата и институцијата. Распределувањето на политиката и интимноста без никаква логика и цел, со употребата на ограничени, дефинирани и контролирани протоколи е дистопија и непотчинувачки протест кон светот на капиталот, кој може да биде разружан само со употреба на сопствени тактики.

 

Автори: Игор Штромајер и Бране Зорман
Теориски советник: Бојана Кунст

 

Од 2001 до 2010 година беа изведени деветнаесет главни Ballettikka Internettikka акции:

 

- Net Ballet – Internet, 2001
- Ballet Net – The Bolshoi Theatre, Moscow, Russia, 2002
- M-III Robot Ballet – Bergen International Theatre, Bergen, Norway, 2003
- BRVI – Ballettikka RealVideo Internettikka – Television Slovenia – Cultural Program, U3, 2003
- Autto Mobillikka – Ljubljana Motorway Ring, Slovenia, 2003
- Illegallikka Robottikka – Teatro alla Scala, Milan, Italy, 2004
- BEO Guerrillikka – National Theatre, Belgrade, Serbia, 2005
- VolksNetBallet – Volksbühne, Berlin, Germany, 2006
- Portraits – Internet, 2007
- Aeronauttikka – Internet, 2007
- RenminNetBallet – Hong Kong City Hall, 2007
- Stattikka – CYNETart, Trans-Media-Akademie Hellerau, Dresden, Germany, 2007
- Olymppikka – Internet, Fire Polygon, 2008
- Hydraullikka – Plaza del Rey, Madrid, Spain, 2008
- Intermenttikka – Total Museum of Contemporary Art, Seoul, Korea, 2008
- Norddikka – Svalbard, Norway, Arctic Ocean, 2008/2009
- Nipponnikka – Minami Torishima, Japan, Pacific Ocean, 2009
- Insecttikka – Hamburg, Germany / Amsterdam, The Netherlands, 2010
- SubAquattikka – ZOO Ljubljana, Slovenia, 2010

 

Ballettikka Internettikka е копродукција на Intima Virtual Base (www.intima.org), Cona (www.cona.si) 2001–2010 и Aksioma 2003.

 

 


Игор Штромајер
www.intima.org
- е интимен мобилен комуникатор и медија уметник. Тој ги истражува интимните емотивни тактики и трауматичните ниско технолошки герила стратегии. Своите дела ги има покажувано на повеќе од стотина изложби во педесет земји на сите континенти и има добиено бројни награди. Неговите уметнички дела се вклучени во постојаните збирки на Центарот Жорж Помпиду, Париз, Националниот музеј на кралицата Софија, Мадрид, Модерната галерија Љубљана, Computerfinearts, Њујорк, Уметничката галерија на Марибор и др.

 

 

Бране Зорман
www.cona.si
- е композитор и манипулатор со звук. Меѓу 1982 и 1986 година беше водач на словенечката панк група O!KULT. Тој е пионер на словенечката техно музичка сцена. Од 1987 година компонира музика за словенечки и за меѓународни театарски, танцови и мултимедијални перформанси и проекти, а има гостувано ширум Европа. Од неодамна работи со Ирена Пивка на серија аудио-визуелни инсталации и на радио Cona – привремена радио станица за современа уметност.

 


Расшколувано знаење е партнерски проект на НВО Контрапункт (Културен центар Точка) од Скопје (http://kontrapunkt-mk.org/) и ТкХ (Теорија која хода) платформа за теорија и практика, од Белград (http://tkh-generator.net/), кој се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан (http://scp-ba.net/).