Primary tabs

[savremeni ples] T.I.M.E. [В.Р.Е.М.Е.] / Стадлер, Шукарова, Тануровска- Ќулавковски / 06.10. во 21h / Музеј на град Скопје

Podaci: 

06. Октомври 2010 во 21h
Музеј на Град Скопје

ucesnici: 

Фело (Виолончело + Компјутер): Андреас Ото (Германија)
Изведувачи: Александар Георгиев, Викторија Илиоска, Александра Кочовска, Кире Миладиноски, Климент Поповски (Македонија)
Идеја и продукција: Вибке Стадлер (Контрапункт), Искра Шукарова (Локомотива), Биљана Тануровска- Ќулавковски (Локомотива)
Видео документација: Ѓорѓе Јовановиќ

T.I.M.E. [В.Р.Е.М.Е.]
Современ танцов и Музички перформанс

 

Германски музичар (фело) и 5 македонски изведувачи кои соработуваа 4 дена развија работа во процес на темата В.Р.Е.М.Е. Oвој перформанс, е соработка која ги проширува границите во кои дејствуваат уметничките дисциплини- современ танц и дигитална музика и работи на спојување на спецификите кои овие дисциплини ги содржат.

 

Овој перформанс (работа во процес) развиен во соработка помеѓу македонските изведувачи/танчери и германскиот музичар, е уметничка и инспиративна интеркултурална размена.

 

 

Перформансот е работен на темата В.Р.Е.М.Е., и ќе се изведува на платото пред/во зградата на Музејот на Град Скопје кој во себе ја содржи архивата на националното сеќавање и е симбол на минатото. Овој простор содржи разнолики врски со времето како архива и како меморијал, а изведувачите ќе интервенират и презентираат свое видување на темата.

 

Музичко- танцовата – работа во процес- перформанс е site-specific и е развиен во соработка помеѓу НВО Локомотива и НВО Контрапункт.

 


Овој перформанс е и соработка помеѓу LocoMotion and de:sonanz, и е идеја да се спојат два изведувачки фестивала во еден настан, и да го обележат отворањето на двата настана. ВРЕМЕ е уникатна соработка помеѓу два фестивала во Скопје.
Настанот е исто така дел од есенскиот културен програм „Expanded Media - Медија & уметностите“ на НВО Контрапункт.